Корисниците на Chrome, популарниот веб-прелистувач на Google, добија важно ажурирање кое се однесува на сериозен безбедносен пропуст.
Корисниците на Google Chrome на Windows, Mac и Linux добија ажурирање на верзијата 105.0.5195.102, што треба да ги заштити од сериозен безбедносен пропуст што хакерите активно го користат.
Имено, на крајот на август, анонимен дојавувач пријавил на Google безбедносен пропуст кој хакерите го искористуваат. Google, како што вели во својот блог пост е свесен за проблемот, па веднаш се зафати да го санира и да објави безбедносна надградба.
Како што дознава The Verge, деталите за безбедносното нарушување во моментов се непознати, но она што е познато е дека има врска со „недоволна валидација на податоци“ во Mojo, базата на кодови на која е изграден Google Chrome.
„Пристапот до деталите за проблемот може да биде ограничен додека повеќето корисници не го добијат своето ажурирање“, велат од Google.