Премиерот Димитар Ковачевски денеска апелираше да не се копаат криптовалути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна.
Прашан зошто не се следи косовскиот пример кој законски забранува копање криптовалути, Ковачевски одговори дека за тоа е потребно носење законско решение.
„Да, може, но за тоа мора да се донесе законско решение. Сѐ додека не се донесе законско решение, ќе мора да се оди со апел, а доколку се работи за компании, односно за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови па ако е голема потрошувачката преминуваат во друг блок. Во овој период не треба да се прави тоа поради недостигот на електрична енергија. Споредби со соседни држави е добро да се прават, јас сум во комуникација со сите, но секој има своја специфика. Косово моментно е во тешка ситуација и таму веќе се почнати рестрикции“, истакна премиерот.