По неколкугодишното присуство и успешно работење на романскиот пазар, „Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија, со назив „Alkaloid Bucharest S.R.L.“. Друштвото е 100 % во сопственост на компанијата.
Ваквиот деловен потег е дел од долгогодишната развојна, деловна политика на компанијата, во насока на главните стратешки определби што се однесуваат на глобализацијата на брендот „Алкалоид“ и со цел зајакнување на постојните извозни позиции, особено на пазарите во Европската Унија.
Имајќи предвид дека повеќе од 65 % од пласманот на производите на компанијата се наменети за извоз, од исклучително значење е присуството на производствената програма на пазарите во ЕУ, како и проширувањето на нови пазари. Во таа насока, новоотворениот правен субјект е седми по ред кој е основан во рамките на земјите членки на Европската Унија.