Новата фотографија открива уште еден јасен кратер на југ и „ѕидови“ кои нежно се спуштаат на длабочина од околу 1.500 метри под површината на Марс. На сликата се гледаат траги и нерамен терен, најверојатно создадени од топењето на мразот под површината на Црвената планета.
Вселенското летало Mars Express на Европската вселенска агенција сними импресивни снимки од кратерот Холден на Марс, дел кој е клучен за потрагата по траги од живот на Црвената планета. Новите фотографии и дополнителните истражувања би можеле да помогнат да се открие како вода некогаш течела на површината на Марс.
Сликите на кратерот Холден, снимени одблиску на 24 април 2022 година, со стерео камерата на Mars Express, покажуваат геолошки карактеристики на поранешен резервоар со вода на рабовите на кратерот широк околу 150 километри.
Кратерот Холден е составен од низа канали и дупки во јужната хемисфера на Марс. Пред Црвената планета да ја изгуби својата вода пред приближно четири милијарди години, се претпоставува дека течна вода течела низ овие канали поради атмосферата на Марс изложена на силно сончево зрачење кое овозможило испарување на водата од површината на планетата. Самиот кратер е создаден нешто подоцна во историјата на планетата. Водата потоа би се собирала во областа откако ќе течела низ древен систем на речни долини, пишува Space.com.
Новата слика открива уште еден јасен кратер на југ и „ѕидови“ кои нежно се спуштаат на длабочина од околу 1.500 метри под површината на Марс. На сликата се гледаат траги и нерамен терен, најверојатно создадени од топењето на мразот под површината на Црвената планета.
New images of Mars' ancient waterways may reveal secrets of the planet's past https://t.co/tFte7wnw50
The European Space Agency's Mars Express spacecraft has captured impressive images of Mars' Holden Bas… pic.twitter.com/lSF98bwfRd— Geeky.News (@The_Geeky_News) September 5, 2022
Европската вселенска агенција (ESA) верува дека водата и живиот свет одат рака под рака. Научниците сакаат да откријат дали истото може да важи и за Марс пред неколку милијарди години, исто како што беше и за Земјата.
Почвите во долината Ладон и кратерот Холден содржат филосиликат, вид на минерал кој вклучува глина создадена од интеракцијата на карпите и водата кои се поврзани со потеклото на животот на Земјата. Филосиликатите се присутни во слоевитите наслаги кои би можеле да дејствуваат како реакционен центар за органските молекули. Токму затоа научниците се толку заинтересирани за оваа област.
Кратерот Холден веројатно настанал по удар на астероид кога материјалот исфрлен од ударот паднал назад на површината на планетата и ја исполнил постарата долина Холден. Научниците веруваат дека кратерот настанал по исчезнувањето на водата на Марс.
Поради неговата геолошка важност и потенцијалот за криење докази за древниот живот, кратерот Холден беше во потесниот избор како место за слетување на роверите Curiosity и Perseverance. Mars Express, камера која ја снима површината на Марс и атмосферата на планетата од 2003 година, дава впечаток дека областа е добро истражена.