Упатствата на возење наскоро ќе зависат од дополнителните поставки, па Google Maps ќе биде заинтересиран за тоа каков тип на гориво користи возилото, со цел на корисникот да му понуди најефикасна рута до дестинацијата
Google ја проширува услугата за Maps што почна да ја тестира минатата година, а станува збор за пресметување на најевтината, односно енергетски најефикасна рута.
По тестирањето на услугата минатата година во САД и Канада, Google Maps воведува „еко-рута“ во повеќе од 40 европски земји, т.е. енергетски најефикасна можна рута, а со цел изборот да биде што е можно попрецизен, постои и опција за избор на гориво што го користи.
Оваа услуга ќе ги истакне рутите кои бараат помалку енергија, а меѓу земјите во Европа кои ќе можат да ја пробаат од денеска се Франција, Ирска, Полска, Шпанија и Велика Британија. Во Германија оваа опција беше воведена минатиот месец.
При изборот на рута, ќе можете да изберете дали вашиот автомобил работи на дизел, бензин, комбинација со плин или имате електрично возило, па проценката ќе биде попрецизна.
Google истакнува дека тоа може да значи дека автомобилите на дизел ќе бидат однесени на автопатот каде што овие автомобили се најефикасни.
За да ја стартувате опцијата за пресметување маршрута за енергетска ефикасност на Google Maps, кликнете на профилот или сликата на профилот на мапите и потоа изберете Поставки (Settings). После тоа, изберете Поставки за навигација (Navigation Settings) и потоа скролнете надолу до Опции за рута. Таму можете да ја активирате или деактивирате услугата за еколошко возење.
Google тврди дека со воведувањето на оваа опција во САД и Канада, овозможил намалување на емисиите на јаглерод диоксид еднакво на околу 100.000 автомобили.