На вечерашниот медиумски настан „Far Out“, Apple ќе ги претстави новите смартфони од iPhone 14 серијата, а иако сè уште не знаеме се за нив, благодарение на упатените во нивните карактеристики, дознаваме интересни детали. На пример, од билтенот Power On на Mark Gurman од Bloomberg, дознавме дека Apple е во интерни разговори за да објави некои модели на iPhone без слот за физичка SIM картичка до следната година.
Според него, овој слот би можел да биде отстранет и од некои модели на iPhone 14, иако според него промената најверојатно нема да се случи пред пристигнувањето на iPhone 15. Веќе се шпекулираше за ваква радикална одлука на Apple, па затоа не сме изненадени што сè уште е дел од плановите на компанијата. Најверојатно сценарио е дека можно е да постои опционален iPhone 14 модел, што ќе поддржува самo eSIM технологија.
Во последниве години, eSIM технологијата значително го прошири својот опсег и се нуди од се повеќе мобилни оператори, но сè уште има места каде што не е достапна. Затоа, се очекува компанијата да продолжи да нуди уреди со физички картички додека не продолжи распространувањето на eSIM.
Apple закажа настан за 7 септември, пристигнува iPhone 14 серијата