Apple на вчерашниот настан откри кога можеме да ги очекуваме следните големи софтверски ажурирања на своите паметни телефони и паметни часовници. Тоа ќе се случи на 12 септември, кога новите оперативни системи iOS 16 и watchOS 9 ќе бидат достапни за компатибилни модели.
Оперативниот систем за паметни телефони iOS 16 ќе стигне до серијата iPhone 8 и поновите модели, како и до втората генерација на iPhone SE. Што се однесува до watchOS 9, тој ќе може да се инсталира на часовниците од Series 4 па наваму. Треба да се истакне дека треба да го имате iOS 16 на вашиот смартфон за да го ажурирате часовникот.
Потсетуваме дека iOS 16 и watchOS 9 беа претставени во јуни заедно со iPadOS 16. Сепак, верзијата за таблет уреди ќе се појави во октомври, заедно со новата верзија за Mac компјутерите – macOS Ventura.