Надградениот PlayStation 5 започна да се продава во Австралија минатиот месец. Донесува носи многу промени кои ги откри YouTube блогерот Остин Еванс. Конзолата има нова помала матична плоча, ново ладење, SSD куќиште итн.
Како што може да се види, нема очигледни промени на надворешноста на PS5. Најзначајната промена е во внатрешноста на конзолата. Новата матична плоча е намалена за околу пет сантиметри, ладењето ќе биде обезбедено со дополнителна топлинска цевка на задната страна како и нов ладилник. Сето ова резултираше со помала вкупна тежина на конзолата.
Sony со новиот дизајн пресели и многу други компоненти на матичната плоча. На пример, CMOS батеријата сега е целосно скриена под ладилникот. Тоа значи дека ќе мора целосно да го расклопите PS5 за да ја замените CMOS батеријата, наведува Еванс.
Sony released another new PS5 and it’s basically a full internal redesign. https://t.co/KEFs8GKGO3 pic.twitter.com/7sMftFD9LY
— Austin Evans (@austinnotduncan) September 7, 2022
Диск верзијата на PS5 сега тежи исто колку и оригиналниот дигитален PS5, пренесува Press Start.
PS5 верзијата со читач на оптички дискови, тежи од 3,8 килограми, додека претходниот модел тежеше 4,2 килограми. Дигиталниот PS5 доаѓа и со намалена тежина од 3,4 кг во однос на претходните 3,9 кг.
Новиот модел на PS5 пристигнува откако Sony ги зголеми цените на своите конзоли надвор од САД.