Во текот на 2020 и 2021 година, постоеше голем интерес за компјутери и таблет уреди, а значително влијание имаше и фактот што поголемиот дел од светот работеше од дома.
Двата споменати индустриски сектори забележаа значителни зголемувања на продажбата, за кои никој не веруваше дека се можни. Но, по две исклучително силни години кога станува збор за побарувачката, сега се очекува пад на продажбата на компјутери и таблети.
Најновиот извештај на аналитичката компанија IDC прогнозира дека глобалната испорака на традиционални компјутерски уреди ќе забележи пад од 12,8 проценти во текот на оваа година (на 305,3 милиони), додека пазарот на таблет уреди ќе има пад од 6,8 проценти (на 156,8 милиони уреди). .
Дополнителен пад се очекува во текот на 2023 година, бидејќи побарувачката се намалува. Комбинираниот пазар на компјутери и таблети се предвидува да се намали за 2,6 отсто до 2023 година, се вели во извештајот на IDC.
Добра вест е дека продажбата на компјутери и таблет уреди ќе се стабилизира и ќе се врати на раст во 2024 година, додека испораките во 2026 година ќе ги надминат бројките од 2022 година.