Товарната капсула Blue Origin на Џеф Безос, која требало да стигне до работ на вселената, неочекувано се одвои од ракетата веднаш по полетувањето од Тексас.
Во капсулата, која се наоѓала на врвот на суборбиталната ракета Њу Шепард, за среќа немало патници.
Една минута по полетувањето и на нешто повеќе од 8 километри над земјата, забележано е дека моторите се запалиле и дека бил активиран моторниот систем на капсулата, што го оттурнало леталото од ракетата пред да успее да се врати на земја неоштетено со падобран.
Booster failure on today’s uncrewed flight. Escape system performed as designed. pic.twitter.com/xFDsUMONTh
— Blue Origin (@blueorigin) September 12, 2022
Blue Origin твитна дека системот за одвојување на капсулите функционирал како што се очекувало.
Тоа е 23-ти лет во суборбиталниот простор на ракетата Њу Шепард во сопственост на вселенската компанија Blue Origin, која ја основа милијардерот и сопственик на Amazon.com Џеф Безос.
Ракетата Њу Шепард беше дизајнирана како вселенско летало за целосно повеќекратна употреба. Неговата главна цел е суборбитален вселенски туризам.