Amazon одлучи да го ажурира најевтиниот читач на е-книги од Kindle серијата и додаде многу долгоочекувани подобрувања. За почеток, уредот сега има 6-инчен дисплеј со резолуција од 300 ppi (наместо 167 ppi), кој повторно е опремен со прилагодлив надворешен извор на светлина со четири LED диоди за читање во сите услови.
Уредот поседува 16GB вградена меморија, што е двојно повеќе од претходно, а освен тоа има и поголема батерија која овозможува до шест недели користење. Дополнително, батеријата сега се полни преку USB-C интерфејсот наместо архаичниот microUSB.
Истите карактеристики се вклучени во Kindle Kids, кој доаѓа со едногодишна претплата на Amazon Kids+, кој вклучува многу книги наменети за деца. Продажбата започнува на 12 октомври по цена од 99,99 долари со реклами и 119,99 долари без реклами во црна и сина боја (во Европа 100 и 110 евра). Kindle Kids ќе се продава пои цена од 119,99 долари.