Програмерот што ја креираше функцијата не е поврзан со Xiaomi, па мали се шансите дека компанијата ќе ги прифати промените
Минатата недела, Apple ја претстави својата нова iPhone 14 серија. Новите уреди донесуваат голем број новитети посебно кај Pro моделите. Ова се однесува, пред се, на новиот дизајн на предниот дел, бидејќи Apple конечно одлучи да го отфрли класичниот засек и да го замени со издолжен отвор во облик на пилула.
Apple го нарекува овој засек Dynamic Island, и како што сугерира името, тој е секогаш активен и има различни функции. Ништо слично не постои на телефоните со Android, но дали ќе пристигне наскоро?
iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max сега имаат исечок на предната страна, кој е доста функционален. Може да прикажува различни работи како што се репродукција на музика, контрола на повици, навигација, Face ID итн.
И како што обично се случува, не требаше премногу време за да се појави копија од новата опција. Така, од тимот на Mi Theme Developers за Xiaomi MIUI, развиена е функција која всушност не е ништо друго туку копија на функцијата Dynamic Island на Apple. Погледнете како тоа изгледа во краткото видео подолу, кое е објавено на Twitter. Сепак, програмерот што ја креираше функцијата не е поврзан со Xiaomi, па мали се шансите дека компанијата ќе ги прифати промените
Dynamic Island Style Notifications / Now Playing on Xiaomi MIUI. Mi Theme Developers never disappoint 😎 pic.twitter.com/ImHmbkRZnb
— Vaibhav Jain (@vvaiibhav) September 11, 2022
Ова е само првиот, веројатно во низата потези на програмерите за Android кориснички интерфејси, со кои ќе се обидат да го копираат Dynamic Island.
Од друга страна, не би нè изненадилo веќе следната година да видиме Android смартфни со истиот засек на горниот дел од екранот и со истите функции, со оглед на тоа што досега прилично слепо го следеа Apple кога станува збор за некој дизајнерски детали.