Компанијата Samsung ги претстави своите уреди од високата класа за оваа година. Galaxy S22 серијата беше претставена на почетокот на годината, додека неодамна беа претставени флексибилни Galaxy Z Fold 4 и Galaxy Z Flip 4. Уредите од Galaxy S23 серијата ќе пристигнат на почетокот на следната година. Според досегашните гласини, нема да има речиси никакви промени во дизајнот во однос на актуелната Galaxy S22 серија. Сепак, дали Samsung размислува за голема и необична промена во дизајнот на серијата Galaxy S во иднина?
Дизајнот на смартфоните во последно време прилично стагнира и се чини дека производителите немаат доволно нови идеи на ова поле. Nothing неодамна го претстави својот прв телефон кој се истакнува по дизајнот во споредба со другите телефони. Но, според последните гласини, Samsung би можел да го направи дизајнот на мобилните уреди поинтересен во иднина.
Имено, се известува дека јужнокорејската компанија во иднина би можела да произведува Galaxy S модели без никакви физички копчиња. Ова значи дека нема копче за вклучување или исклучување на уредот и нема да има копчиња за контрола на јачината на звукот.
Тоа сигурно нема да се случи следната година кога Samsung ќе ја претстави Galaxy S23 серијата, бидејќи компанијата наводно веќе го финализираал дизајнот на оваа серија, која ќе биде речиси идентична со Galaxy S22 серијата.
Samsung Galaxy S25 уредите кои треба да пристигнат во 2025 година, наводно би можеле да донесат дизајн кој целосно ќе се потпира на софтверските можности и без физички копчиња.
Без копчето за јачина на звук и копчето за вклучување, смартфоните сигурно ќе имаат многу поелегантен дизајн. Сепак, постојат некои логични прашања во врска со овој дизајн, како што е можноста за вклучување на телефонот, рестартирање кога телефонот „замрзнува“ итн.