Опцијата за прикажување на процентот на батеријата е присутна со години на телефоните со Android, без разлика дали имаа засек или не, но кај Apple промените обично доаѓаат малку потешко. Со новиот оперативен систем iOS 16, опцијата за прикажување на процентот на батерија беше вратена на сите смартфони кои имаат Face ID, освен на iPhone 12/13 Mini, iPhone 11 или iPhone XR, без објаснување зошто е тоа случај.
The battery percentage indicator makes it’s debut on notched devices with iOS 16 beta 5! pic.twitter.com/uAOmPRTFhE
— Aaron (@aaronp613) August 8, 2022
Накратко, ова значи дека на овие уреди требаше визуелно да видите колку батерија ви останала или да ја отворите контролната табла за да ја добиете оваа информации. Дали се работи за ограничување на резолуцијата или едноставно некој од Apple рече: „ќе го направиме тоа друг пат“ ќе остане голема мистерија.
Clean Energy Charging
Во новата бета верзија на iOS 16, која ќе го види светлото на денот како iOS 16.1, се забележува дека процентот е вратен во иконата на батеријата на сите телефони, како и опцијата наречена Clean Energy Charging. Од Apple велат дека опцијата Clean Energy Charging овозможува помало загадување на животната средина , така што го полни смартфонот кога е достапна електрична енергија од зелени извори, па ќе биде интересно да се види како тоа ќе функционира во Македонија.