Апликацијата објави и нови графички контроли за заклучениот екран на iOS 16 кои им олеснуваат на корисниците да влезат во разговорите.
Функциите за пораки и видео разговори пристигнаа на веб верзијата во јули оваа година, но само на одредени пазари и за претплатниците на Snapchat+.
Сега, Snapchat за веб конечно е достапен за сите корисници на апликацијата ширум светот. Ова може да биде подобра опција за оние кои испраќаат повеќе пораки или пишуваат повеќе, бидејќи им треба поголем екран и пристап до вистинска тастатура.
Веб-интерфејсот нуди основен дизајн, но може да се користи и за испраќање фотографии и остварување аудио и видео повици. Од компанијата Snap истакнуваат дека веб апликацијата наскоро би можела да добие повеќе главни функции кои веќе ги има мобилната верзија на услугата.
Покрај ова, Snapchat објави виџети за заклучен екран во рамките на iOS 16 платформата. Виџетите им овозможуваат на корисниците да креираат кратенки за разговорите што ги сакаат, за да можат да стартуваат разговори од екранот со еден допир.