Основачот на проектот ethereum, Виталик Бутерин вели дека преминот на оваа криптовалута на proof-of-stake е еден од најголемите проекти за декарбонизација во историјата.
Оваа недела беше спроведен најголемиот технички и оперативен потфат во (секако кратката) историја на криптовалутите, транзицијата на ethereum на na proof-of-stake консензус и укинувањето на енергетско интензивното рударењњ и криптовалутите со графички картички. Цената на самиот ethereum не реагираше позитивно на овој настан, туку падна за нешто повеќе од 13%, но онаа побитна цел, енергетската, беше постигната.
Огромни заштеди
Според првите податоци, количината на електрична енергија што се троши ширум светот за одржување на блокчејнот на ethereum паднала за 99,998%, додека последичните емисии на стакленички гасови од оваа активност се намалени за 99,992%, што е повеќе од очекуваното. Наместо претходните 23 милиони MWh годишно, ethereum сега троши само 2.600 MWh ширум светот. Емисиите на јаглерод паднаа од 11 милиони тони на под 870 тони годишно.
Виталик Бутерин, „таткото“ на ethereum, врз основа на овие податоци објави дека Merge процесот на ethereum е еден од најголемите проекти за декарбонизација во историјата, кој со еден потег ја намалил вкупната глобална потрошувачка на електрична енергија за 0,2% проценти.
"The merge will reduce worldwide electricity consumption by 0.2%" – @drakefjustin
— vitalik.eth (@VitalikButerin) September 15, 2022
Пред преминот на proof-of-stake, една трансакција на ethereum бараше над 200 kWh електрична енергија, што може да го снабдува просечното американско домаќинство речиси една недела. Денес, за една трансакција во просек се потребни само 0,03 kWh, или 30 Wh – што е доволно за приближно еден час работа на еден лаптоп. Овие податоци беа потврдени од истражувањето CCRI (Crypto Carbon Ratings Institute).
Блокчејнот на Ethereum сега има капацитет за спроведување и до 100.000 трансакции во секунда. Сепак, брзината на извршување на една трансакција нема значително да се промени – досега еден блок беше обработен за 13-14 секунди, а со оваа еволуција, тоа падна на 12 секунди. Исто така, Merge не донесе никакво намалување на трансакциските трошоци, така што просечниот корисник нема да забележи речиси никаква разлика при купување или продавање на ETH токени.