Моторола има два нови модела во својата Moto E серија буџетски паметни телефони e. Се работи за Moto E22 и Moto E22i, кои делат речиси идентичен хардвер. Во однос на софтверот, сепак, Moto E22 работи на Android 12 со MyUX, додека Е22i го користи Android 12 (Go Edition).
Уредите користат LCD екрани со дијагонала од 6,5 инчи, HD+ резолуција и брзина на освежување до 90 херци. Телефоните имаат и Helio G37 чипсет, 4GB RAM и 64GB простор за складирање на податоци, а поседуваат и батерии со капацитет од 4020 mAh.
Главната камера е двојна со сензор од 16MP и 2MP за бокех ефекти, а селфи камерата има сензор од 5 мегапиксели. Другите параметри вклучуваат читачи за отпечатоци, 3,5 мм приклучоци за слушалки и стерео звучници со Dolby Atmos.
Moto E22 ќе биде достапен во црна и сина боја со цена од 140 евра, а E22i во сива и бела боја за 130 евра. Уредите се очекува да пристигнат и на европскиот пазар.