По Instagram и Snapchat, и TikTok реши да ја копира се попопуларната апликација BeReal.
Ако тоа што го правите го копираат најдобрите компании во вашата индустрија, тогаш ви е јасно дека правите одлична работата. Но, кога најдобрите ќе копираат нешто од тебе, ти ги одземаат корисниците и пазарот на кој сте се пробиле со вашата идеја и иновација. Токму тоа се случува со BeReal, апликација чија популарност постојано расте, и која на крајот би можела да стане жртва на сопствениот успех.
BeReal е апликација која еднаш дневно ги известува корисниците дека е време за објава на таа мрежа. Имаат само неколку минути да направат фотографија со помош на двете камери за да покажат каде навистина се наоѓаат во тој момент и што прават. Доколку фотографиите не се објавени во тоа време, тогаш не можат да објават ништо друго тој ден. За разлика од другите мрежи, BeReal сака да ги поттикне корисниците да го покажат своето вистинско јас, без филтри или наместени фотографии.
Претходно пишувавме дека Instagram развива слична опција, но оваа недела тие беа претекнати од TikTok. Социјалната мрежа, која бележи брз раст во последно време, воведе нова опција наречена „Now“. Опцијата е речиси целосна копија на BeReal. Еднаш дневно корисниците ќе добиваат известување дека е време да објават видео до 10 секунди или фотографија, за што имаат ограничено време.
Првично, „Now“ ќе биде достапна само на американскиот пазар, а иконата за таа опција ќе се појави на дoлниот дел на на апликацијата, веднаш до иконата за содржината на објавата. Оваа опција во иднина би требало да стане достапна и на другите пазари, но постои можност да биде достапна како дел од специјална апликација, за која треба да дознаеме повеќе во иднина.