Покрај Honor X40 5G, компанијата Honor во Кина претстави и нов таблет од својата понуда – Honor Pad X8.
Таблет уредот го покренува сè уште необјавениот чип на MediaTek, кој е означен само како MT8786. Овој чип има осмојадрен процесор со две Cortex-A75 јадра со такт од 2,0 GHz и шест Cortex-A55 јадра со такт од 1,8 GHz. Овој чип е поврзан со 6GB RAM меморија и 64 GB или 128 GB внатрешен простор за складирање.
Таблетот работи со Android 10 стар три години, кој е обложен со Magic UI 4.0 на Honor.
Предниот дел на уредот е покриен со IPS LCD екран со дијагонала од 10,1 инчи со резолуција 1920 x 1200 пиксели. Таблетот има дебели рамки околу екранот, а на горната рамка има селфи камера со сензор од 2 MP. На задната страна, Honor Pad X8 има единствен и главен сензор за камера од 5 MP. Овој сензор се наоѓа во горниот лев агол на задниот дел.
Под капакот на таблетот е скриена батерија со капацитет од 5100 mAh. За жал, кинеската компанија не ја откри брзината на полнење, но може да се претпостави дека се работи за поддршка за полнење од 10 W.
Димензиите на таблетот се 240,2 x 159 x 7,55 мм, а тежи 460 грама. Уредот е веќе е достапен за преднарачка во Кина во сина боја, почнувајќи од околу 185 евра. Станува збор за промотивна цена, додека за неколку дена таблетот ќе чини околу 200 евра. Не се познати детали за глобалната достапност на уредот.