Кон средината на неделата, имаше извештаи дека Xiaomi може да ја претстави Xiaomi 12T серијата на глобално ниво. Сега пристигнуваат рендери на два модела од оваа серија.
Серијата Xiaomi 12T ќе вклучува два уреда – Xiaomi 12T и Xiaomi 12T Pro, кои ќе пристигнат како наследници на Xiaomi 11T и Xiaomi 11T Pro.
Германскиот Winfuture сега ги откри рендерите на двата уреда. Може да се забележи дека и двата смартфона ќе имаат дизајн сличен на оној од серијата Xiaomi 12. Тука, пред сè, мислиме на дизајнот на задната страна. Така, Xiaomi 12T и Xiaomi 12T Pro ќе имаат правоаголни модули со три камери на задната страна. Рендерот ги потврдува шпекулациите дека Xiaomi 12T Pro ќе пристигне со 200 MP сензор за главната камера. Од друга страна, стандардниот Xiaomi 12T ќе има главен сензор од 108 MP.
Кога станува збор за другите две камери на задната страна, тие ќе бидат идентични и кај двата модели. Се работи за ултраширок сензор од 8 MP и макро сензор од 2 MP. На предната страна ќе има селфи камера од 20 MP.
Предниот дел е идентичен и има отвор во горниот дел од екранот со гореспоменатата предна камера.
Неодамна беше откриено дека Xiaomi 12T во верзијата со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија, наводно ќе чини 649 евра на светскиот пазар. Телефонот ќе се испорачува во три бои – црна, сребрена и сина.
Кога станува збор за Xiaomi 12T Pro, цената насмартфонот наводно ќе изнесува 849 евра за конфигурација на меморија од 8/256 GB. Уредот наводно ќе пристигне во истите бои како и Xiaomi 12T.
Наводно, Xiaomi 12T ќе го покренува чипот Dimensity 8100 кој се уште не е најавен, додека Pro верзијата ќе пристигне со Snapdragon 8+ Gen 1.