Intel претстави нов производ – процесор за основна работа и за корисници со основни барања во однос на моќноста на вградениот хардвер под многу инспиративното име – Intel® Processor. Новиот процесор ќе ги замени постоечките брендови Intel Pentium® и Intel Celeron®, во групата производи наменети за лаптопите кои ќе се појават во 2023 година.
Со објавувањето на новата и модернизирана архитектура, Intel ќе продолжи да се фокусира на своите водечки брендови: Intel® Core™, Intel® Evo™ и Intel vPro®. Дополнително, оваа промена во методологијата за означување на процесорот ја поедноставува понудата на производи на Intel во сите компјутерски сегменти за да им овозможи на клиентите на Intel полесно да донесат одлука при купување процесор со соодветни перформанси.
Intel Processor е бренд што ќе опфати повеќе модели, помагајќи да се поедностави купувањето. Во суштина, ништо не се менува бидејќи Intel ќе продолжи да ги испорачува истите производи во одредени ценовни сегменти. Понудата на Intel процесори останува иста, како и планот за издавање на нови производи.