Рускиот космонаут Валериј Пољаков, кој помина рекордни 437 денови во Вселената, почина на 81 годинa, објави руската вселенска агенција Роскосмос.
Пољаков, кој по професија беше лекар роден е во Тула на 27 април 1942 година. Тој како лекар работел во Московскиот институт за биомедицински проблеми, водечката советска институција за вселенска медицина.
Тој се приклучи на советската вселенска програма во раните 70-ти години од минатиот век. Како космонаут, тој летал до вселенската станица Мир во два наврати во 80-тите и 90-тите.
За време на вселенската мисија Сојуз ТМ-18 од 1994 до 1995 година, Пољаков во Вселената помина вкупно 437 дена, 17 часа и 58 минути. Тој сè уште го држи светскиот рекорд за најдолг престој во вселената.
На 81-м году жизни скончался космонавт Валерий Поляков. Герой Советского Союза и России, рекордсмен по длительности полета. Рекордная командировка началась в январе 1994-го, он провел на станции «Мир» 437 суток https://t.co/eAAsQ2c3sz pic.twitter.com/1B0foXocBG
— Первый канал Новости (@1tvru_news) September 19, 2022
Во текот на својата кариера, Пољаков поминал повеќе од 678 дена на вселенската станица, вршејќи медицински експерименти и собирајќи податоци за влијанието на долгорочниот вселенски лет врз човечкото тело.
Меѓутоа, за разлика од повеќето негови колеги, тој никогаш не излегол надвор од станицата на вселенска прошетка. Тој напиша повеќе од 50 научни трудови за вселенска медицина.