Motorola Edge 30 Ultra донесува врвна технологија и камера систем за резолуција од 200 MP.
Големиот сензор на моделот Motorola Edge 30 Ultra посебно е дизајниран за да може да „улови“ што повеќе светлина, комбинирајќи 16 пиксели во еден 2.56 μm Ultra Pixel.
Резултатите на оваа технологија се остри и светли фотографии, па дури и кога се прават во текот на вечерните часови.
Плус, со напредната HDR технологија, фотографиите поседуваат совршено избалансирани бои и сенки за да ги дадат максималните детали, па дури и при проблематично осветлување.
Главниот 200MP сензор има и оптичка стабилизација на фотографиите (OIS) кој ги компензира сите негативни ефекти од тресење на телефонот при снимањето, за фотографиите и видеата да бидат кристално чисти.
Овој телефон поседува и 50MP ултраширок сензор за во кадарот да можат да се најдат повеќе сцени кои се фотографираат и фотографијата да добие исклучително висок квалитет.
Тука е и вградениот Macro Vision објектив кој може да „помине“ четири пати повеќе од стандардната камера.
Во портрет опцијата може да се подесува длабочината на фокусот меѓу три вредности – широка, стандардна и блиска, за личноста која се фотографира да биде фотографирана баш онака како што таа сака.
Овој телефон од предната страна има 60MP камера за правење селфи фотографии со исклучително висок квалитет.
Станува збор за една од највисоките резолуции кои денес се достапни на некој мобилен телефон.