Откако на социјалните мрежи се проширија снимки од необичен проблем со камерата кај новите iPhone 14 Pro модели, Apple се огласи и откри кога ќе простигне официјална поправка
На почетокот на оваа недела, социјалните мрежи беа преплавени со вести за необичен проблем со камерата на моделите iPhone 14 Pro и 14 Pro Max. За потсетување, камерата неконтролирано се тресе и прави „чкрипав“ звук кога се отвора во апликации од трети страни како што се Instagram, Snapchat и TikTok.
Бидејќи проблемот не постои во стандардната апликација за камера на Apple, корисниците шпекулираа дека се работи за софтверска грешка. Се чини дека тоа е точно, бидејќи портпаролот на компанијата потврди за MacRumors дека следната недела ќе објави ажурирање што ќе го реши чудниот проблем.
So uh, we’re having some issues with the 14 Pro Max camera pic.twitter.com/7HH1wLFjdF
— Luke Miani (@LukeMiani) September 16, 2022
На корисниците на iPhone 14 Pro и Pro Max им се препорачува да бидат трпеливи и да не ја користат камерата на Instagram, Snapchat или TikTok до следната недела. Иако ова не е официјално потврдено, се „шушка“ дека овој чкрипав звук може да го оштети хардверот на камерата.
Корисниците на iPhone 14 Pro моделите пријавуваат необичен проблем со камерата