Информациите кои не се официјално потврдени од Sony велат дека новата верзија на PlayStation нема да има вграден диск, туку надворешен диск кој ќе се поврзува преку USB-C кабел.
Тимот од Sony постојано се обидува да ја подобри својата конзола PlayStation 5, па на почетокот на овој месец претстави модел кој е малку полесен во однос на оригиналните уреди. Но, како што пренесуваат технолошките медиуми, јапонската компанија веќе подготвува уште една промена која секако ќе ја поздрават сите идни сопственици на новата генерација на најпопуларната гејмерска конзола во светот.
Верзијата на PlayStation 5 што ја подготвуваат за следната година (најверојатно ќе ја претстават во септември 2023 година) ќе биде потенка во однос на сегашната конзола. Sony ќе го намали уредот со отстранување на погонот за Blu-ray дискови, но тоа не значи дека само дигиталната верзија ќе остане во понудата. Имено, објаснуваат на Cnet, новиот PS5 ќе доаѓа со надворешна единица за Blu-ray која, според тоа, нема да биде интегрирана во самата конзола.
Наместо тоа, таа надворешна единица ќе се поврзе со конзолата преку USB-C кабел. Се чини дека тоа е единствената промена на претстојната верзија на PlayStation 5 бидејќи процесорот, графиката и другиот хардвер ќе останат исти.
Покрај тоа што дискот ќе се продава заедно со конзолата, може да се купи и одделно, во случај на дефект. Исто така, дигиталните верзии на конзолата ќе можат да се поврзат со надворешниот погон, така што корисниците кои претходно купиле поевтин модел ќе можат да играат игри од дискови, а не само од оние што ги преземаат на нивната конзола.
Од Sony не ја коментираа оваа информација, ниту пак официјално ја потврдија. Покрај послабата верзија на PlayStation, следната година во продажба би требало да се појави и нова верзија на уредот за виртуелна реалност на Sony (PS VR2).