Компанијата Vivo во април го претстави смартфонот на преклопување X Fold, а сега потврди дека следната недела пристигнува и моделот X Fold Plus.
Настанот е закажан за 26 септември, а од Vivo велар дека Plus значи „силна волја за развој на посилен начин“. Сè уште не е јасно дали ова е поврзано со поголема издржливост или нешто друго.
Vivo објави и рендер кој го открива дизајнот на моделот X Fold Plus, кој се чини дека наликува на постоечкиот X Fold, но јасно е дека ќе биде достапен и во црвена боја. Во случај на модел кој веќе е на пазарот, можно е да се избере помеѓу црна и сина боја.
Засега има малку детали, но познато е дека X Fold Plus ќе го покренува процесорот Snapdragon 8+ Gen 1 и ќе се напојува од батерија од 4.730 mAh која поддржува жично полнење од 80 W и безжично полнење од 50 W. Познато е и дека ќе има 12GB RAM и 512GB простор за складирање, како и дека стапката на освежување на екранот ќе изнесува 120 Hz.
Освен нов процесор, поголема батерија, побрзо полнење и нова боја, Vivo X Fold Plus ќе биде идентичен со X Fold.
До самото претставување, би можеле да се појават уште некои информации за новиот смартфон на преклоп.