Откако компанијата Apple на своите iPhone 14 модели ја претстави можноста за испраќање пораки преку сателитска врска во кризни ситуации, Samsung изгледа се инспирираше, па веќе се зборува за тоа како оваа компанија би можела да биде следната која ќе претстави смартфон со такви можности на својата публика, нормално, само за нивните премиум уреди.
Секако, не смееме да го заборавиме Huawei, кој воведе ваква функционалност непосредно пред Apple на своите уреди од Mate 50 серијата, но тоа е веќе технички аспект. Информациите доаѓаат од инсајдерот Ricciolo, но во моментов нема подетални информации за тоа кога може да се очекува Samsung да ја имплементира функцијата или на кои модели компанијата би се одлучила да овозможи сателитско поврзување. Но, уверени сме дека пристигнува, бидејќи Samsung не би дозволил да заостане зад најголемиот конкурент на светскиот пазар.
Wi-Fi 7
Сепак, Samsung би можел да стане првата компанија што ќе воведе Wi-Fi 7 во некои од своите паметни телефони. Актуелната безжична технологија што ја користат новите модели од средна и висока класа е Wi-Fi 6, при што некои самртфони се потпираат и на поновиот Wi-Fi 6E. Последниот стандард е преоден чекор помеѓу Wi-Fi 6 и Wi-Fi 7.
Најновите податоци на DigiTimes покажуваат дека првите модели со Wi-Fi 7 се очекуваат во втората половина на 2024. Меѓу пионерите во оваа насока ќе биде Samsung, а сосема е веројатно новиот стандард да се појави кај Galaxy S24 уредите.
Wi-Fi 7 треба да понуди пати поголема брзина на пренос во споредба со Wi-Fi 6. Новата технологија ќе биде поддржана од Qualcomm и MediaTek, водечките производители на мобилни чипсети.