AMD неодамна ги претстави своите нови процесори за преносни компјутери, Ryzen 7020. Овие чипови се наменети за буџетски машини и ја комбинираат архитектурата Zen 2 со понови технологии како RDNA 2/Radeon 610M графика и поддршка за системската меморија LPDDR5.
Според AMD, Ryzen 3 7320U со четири јадра и работна фреквенција од 2,4GHz во комбинација со 4GB RAM нуди 58% поголема брзина на мултитаскинг во споредба со двојадрениот Intel Core i3-1115G4 со 8GB RAM.
Друг додаток е Ryzen 5 7520U со основна фреквенција од 2,8 GHz и 6MB кеш меморија, а серијата го вклучува и dual-core Athlon Gold 7220U на 2,4GHz со 5MB кеш и истата интегрирана графика, Radeon 610M. Трите чипови имаат TDP од 15 W, што значи дека се погодни и за ултра тенки и лесни системи.
AMD очекува првите лаптопи со новите чипови да се појават во следниот квартал, со цени почнувајќи од 400 долари.