Кинеската компанија Longi Green Energy Technology планира да испраќа соларни панели во орбитата за да произведува електрична енергија која ќе се користи на површината на Земјата.
Идејата на компанијата е да произведува енергија од сончевата светлина во текот на целиот ден. Други компании работат на слични проекти, но се чини дека оваа ќе биде првата што ќе ја реализира идејата.
Во Кина бил направен и првиот модел за пренесување енергија од вселената, кој веќе бил тестиран. Системот ја собира сончевата енергија високо над земјата, ја претвора во микробранови кои се испраќаат до станица на површината која оваа енергија ја претвора во струја.