Новото истражување на технолошкиот гигант покажува дека вработените и шефовите не се согласуваат околу продуктивноста.
Едно големо ново истражување на Microsoft покажува дека шефовите и вработените фундаментално не се согласуваат околу перформансите на вработените кои работат од дома.
Шефовите се загрижени дали работата од дома е исто толку продуктивна како и работата во канцеларија.
Додека 87 отсто од вработените веруваат дека работат исто и/или поефективно од дома, 80 отсто од раководителите не се согласуваат.
Во истражувањето беа анкетирани повеќе од 20.000 вработени во 11 земји.
Сатја Надела, извршен директор на Microsoft, изјави за BBC дека оваа тензија треба да се реши бидејќи навиките на работното место веројатно нема да бидат исти како пред пандемијата.
„Треба да го надминеме она што го опишуваме како ‘параноја за работните перформанси’, бидејќи сите податоци што ги имаме покажуваат дека 80 проценти или повеќе од луѓето чувствуваат дека се многу продуктивни, додека нивното раководство мисли поинаку. Ова значи дека има разлики во однос на очекувањата и она што тие го чувствуваат“, вели тој.
Веќе помина врвот на работењето од дома?
Рајан Рослански, извршен директор на деловната социјална мрежа LinkedIn во сопственост на Microsoft , како и Сатја Надела, велат дека работодавците се прилагодуваат на можеби најголемата промена во работните модели во историјата.
Бројот на работни места за работа од дома објавени на LinkedIn се зголеми за време на пандемијата.
Рослански, сепак, вели дека податоците покажуваат дека работата од дома го достигнала врвот.
Тој додава дека од 14 или 15 милиони огласи за работа објавени на LinkedIn пред пандемијата, само околу два отсто биле за работа на далечина.
Пред неколку месеци вакви вработувања имаше околу 20 отсто, а овој месец падна на 15 отсто.
Во време на хроничен недостиг на работна сила, работодавците мора да работат понапорно за да регрутираат, мотивираат и задржуваат луѓе.
Надела вели дека ова е случај и во Microsoft .
„За време на пандемијата, во Microsoft се приклучија т0.000 луѓе кои на некој начин ја видоа компанијата низ призмата на пандемијата. Сега кога размислуваме за следната фаза, треба повторно да ги инспирираме и регрутираме, како и да им помогнеме да воспостават врски со другите луѓе“, вели тој.
Вработените во Microsoft може да работат од дома до 50 проценти од времето.
За повеќе од тоа е потребно одобрение од раководството или префрлање на намалени часови.
Некои компании се мачеа да наметнат нови работни услови и очекувања.
Работниците на Apple протестираат на повиците да се вратат во канцеларијата три дена во неделата од септември.
Илон Маск, шефот на компанијата Tesla, побарал сите 40 часа неделно да се работат од канцеларија.
„Ако не се појавите, ќе претпоставиме дека сте дале отказ“, рекол Маск во е-пошта до вработените.
На глобално ниво не е познато колку луѓе ги промениле работните места за време на пандемијата.
Ова е феномен што Microsoft го нарече „голема реорганизација“, а тоа значи дека вработените родени по 1997 година, таканаречената Генерација Z, имаат речиси двојно поголема веројатност да ја сменат работата.
„Во екот на нашата ‘голема реорганизација’ видовме зголемување од 50% од година во година во бројот на членови кои менуваат работни места на LinkedIn.
„Меѓу Генерацијата Z, тој процент беше 90“, се наведува во извештајот.
До 2030 година, Генерацијата Z ќе сочинува околу 30 проценти од целата работна сила, така што директорите треба да ги разберат, вели директор на деловната мрежа.
Покрај нивните свежи набљудувања, Microsoft има нови алатки дизајнирани да го ублажат ова потенцијално несовпаѓање во очекувањата.
Компанијата се фокусира на помагање на помладите работници во компанијата да развијат чувство на припадност и им дава можност да учат во организацијата на начин како што тоа го правеа вработените во минатото.
Нивниот нов софтвер Viva, на пример, овозможува директен контакт со високото раководство, онлајн часови и канал за споделување лични фотографии – нешто како внатрешна страница на компанијата за да ги води вработените во нивната нова работна средина, што на работодавците не им оди од рака.