Xiaomi повремено објавува освежени верзии на постари телефони, а сега е откриено дека еден таков модел се подготвува за следната година – Redmi Note 11 Pro 2023.
Станува збор за модел кој е продолжение на годинашниот Redmi Note 11 Pro, но пристигнува со различен чипсет и поинаков систем на камера. Според извештаите, верзијата за 2023 година ќе се напојува со чипсет Snapdragon 712.
Snapdragon 712 не беше најимпресивниот чипсет ниту во 2019 година, кога се појави, а ќе биде уште помалку импресивен следната година. Сепак, може да биде конкурентен со некои други модели од средната класа.
Се очекува Redmi Note 11 Pro 2023 да има систем на камери составен од главен сензор од 108 MP, ултраширок сензор од 8 MP, сензор за длабочина од 2 MP и макро камера од 2 MP.
Телефонот треба да има и 6,7 инчен AMOLED екран со резолуција од 2400 x 1080 пиксели.
Засега нема повеќе детали за моделот Redmi Note 11 Pro 2023, а информации за телефонот се очекуваат да се појават во следните месеци.