Microsoft конечно го менува непопуларното правило старо цела деценија.
Редовна жалба на листата на сопственици на конзоли на Microsoft од 2013 година е сеприсутната Digital Rights Management технологија. За неупатените, тоа подразбира константно присуство на Xbox конзолите (во овој случај) на интернет, за да се осигура дека примерокот од игрицата е оригинален.
Додека за мултиплеер или оние игри кои корисникот ги инсталирал преку разните претплатнички сервиси го сметаме за прифатливо, апсолутно е неприфатливо во случај на single-player игрица за која е платена скапа цена. Освен што е оправдано иритантно да немате целосна контрола врз сопствениот имот, Denuvo (DRM за компјутер) некогаш беше толку наметлив што ја успоруваше „Shadow Of The Tomb Raider“, да речеме меѓу сите други негативни аспекти на оваа приказна.
Yes, this is true since the 2206 update. We examined data since Series X|S launch & determined the online compatibility check isn't needed in the vast majority of cases for Xbox One discs. Some games may still need to be updated online after install to ensure the best experience.
— Eden Marie (@neonepiphany) September 19, 2022
Идн Мари, главната инженерка на Xbox конзолите, тоест на Xbox тимот, потврди на Twitter дека кај нивните конзоли овој антипиратски стисок веќе некое време како попушта. Додека насловите на Xbox One дисковите уште од јунскиот 2206 апдејт не беа проверувани од страна на DRM, новиот апдејт ја спушта топката и за single-player игрите кај Xbox S/X конзолите.
Тоа и понатаму нема да важи за Xbox Game Pass каде присуството на интернет е задолжително, но барем оние кои платиле полна цена за одредени игри, по онаа иницијална потврда од серверот за време на инсталирањето и првото вклучување, со мирна душа ќе можат да ја понесат конзолата на пат, без да се грижат за квалитетот на сигналот.
Ако нешто е сигурно, тоа е дека играњето без интернет ќе им годи на сите.