Цените на претстојните паметни телефони Google Pixel 7 и Pixel 7 Pro протекоа во јавноста уште две недели пред нивното претставување на претстојниот настан Made by Google во октомври.
Најновите информации ѝ даваат на јавноста појасна слика за цените на Pixel 7 линијата, односно дали најновите паметни телефони Pixel ќе бидат поскапи од нивните претходници.
Според порталот GSM Arena, Google ќе ги претстави своите целосно нови телефони Pixel на 6 октомври на настанот Made by Google. Но, цените на претстојните Pixel 7 и Pixel 7 Pro очигледно се протекоа на интернет.
За изгледот на новите Pixel уреди веќе се знаат детали, односно дека ќе изгледаат многу слично на претходната. GSM Arena истакнува дека облините на екранот на Pixel 7 сега се посуптилни од претходниот модел. Сепак, сè уште ја има лентата за камера на задната страна.
Протечените информации велат дека новиот Google Pixel 7, кој го носи кодното име Panther, ќе се продава по цена од 599 долари, додека оомоќниот Pixel 7 Pro ќе чини околу 899 долари.
Корисникот на Твитер, Артем Русаковски вели дека деталите за цените доаѓаат од сигурни извори, што значи дека цените на Pixel 7 се откриени директно од американскиот малопроджен синџир Target.
Според The Verge, протекувањето сугерира дека Google ќе ги задржи цените од серијата Pixel 6 на својата најнова линија паметни телефони од следната генерација Pixel 7.
Сепак, сето горенаведено треба да се земе со резерва, бидејќи самиот Google допрва треба да ги потврди деталите за цените за Pixel 7 уредите.