Со апликацијата dynamicSpot, најновата иновација на Apple во областа на дизајнот на корисничкиот интерфејс може да се реплицира на поддржани уреди со Android
Додатокот на новите iPhone 14 Pro модели во форма на „динамичен остров“, односно црна „пилула“ што ја покрива областа на предната камера и сензорите за Face ID и може да ја менува формата и функцијата, е веројатно e детал за кој најмногу се зборува по презентацијата на најновата генерација паметни телефони на Apple. Dynamic Island, како што го нарекува Apple, е прилично иновативен и интересен начин не само да се скрие отворот за предната камера и Face ID, туку и да создаде нешто корисно од него.
Позајмено од iOS
Сосема очекувано, програмерите од Android страната на мобилниот спектар веќе почнаа да работат и оваа иновација ја пренесоа и на тој оперативен систем. Мобилната апликација dynamicSpot, достапна на Google Play, го нуди токму тоа: додавање на функционалноста на Apple на уредите од други производители.
Отворот на екранот, како што имаат многу Android телефони, сега може да се претвори во интерактивен остров за мултитаскинг, прикажување известувања или разни други информации. По инсталацијата, црниот остров ќе ја прекрие камерата на мобилниот телефон, а исто така може произволно да се постави на друго место, како што претпочита корисникот. Додатокот овозможува и одредена персонализација, избор на известувања кои ќе се прикажуваат таму и слично, а на оние кои ќе одлучат да платат 5 долари за премиум верзијата ќе им бидат понудени уште повеќе од овие опции.
Авторите велат дека апликацијата е сè уште во бета фаза, па можеби нема да работи совршено на сите уреди или не поддржува известувања од сите апликации – но очигледно им било важно први да го копираат Apple и да го донесат Dynamic Island на Android.