Кон крајот на август годинава се случи првиот неуспешен обид за лансирање на вселенското летало Artemis 1 поради проблеми со имплементацијата и употребата на погонско гориво. После тоа, уште едно неуспешно лансирање се случи на 3 септември, само неколку дена пред лансирањето. Сепак, според Endgadget, проблемите се чини дека се поправени и закажано е ново лансирање.
Откако ги реши проблемите откриени за време на претходните обиди да го испрати вселенското летало Artemis 1 на пат кон Месечината, NASA успешно го тестираше додавањето на разладено гориво во почетниот систем за лансирање. Воочениот проблем предизвика создавање на прекумерен притисок што се појави во линиите за снабдување со гориво на моторот, што доведе до истекување на водород и неопходност од одложување на лансирањето поради закана по животот на екипажот.
Со цел да се отстрани овој проблем, тим од инженери од NASA ја приспособи процедурата за полнење на ракетните мотори со гориво со забавување на брзината на промена на внатрешните температури и притисок и со тоа спречување на појава на прекумерно „истекување“ на водород. Дополнително, заменети се и „пломбите“ откако забележале мало слегнување што најверојатно придонело за создавање погодна ситуација за истекување на водород. Во овој момент, нивото на истекување на водород е доведено во нормални граници и доколку се случи за време на лансирањето не треба да доведе до несакани последици и уште едно откажување.
Нов датум
Откако беа направени сите тестови, директорот на програмата за лансирање Чарли Блеквел-Томсон рече дека тестовите поминале „многу добро“ и дека тимот можел да ги исполни сите цели што ги поставиле. Останува NASA да ги испита сите добиени резултати за да одлучи дали ќе може да го подготви Artemis 1 за предложениот датум за повторно лансирање на 27 септември.