Најновиот iPhone 14 се најде во рацете на Зак, од популарниот YouTube канал JerryRigEverything, кој ја тестираше издржливоста на телефонот.
Дизајнот на моделот iPhone 14 во голема мера е копиран од минатогодишната варијанта на iPhone 13, но има многу подобрувања во областа на хардверот.
Една од главните разлики е што Apple сега го олесни одвојувањето на задното стакло, а трошоците за поправка се намалени.
Вообичаено, тестот за издржливост започнува со тестот за гребење на екранот, кој покажува помали гребнатини на шесто ниво на скалата на Мос, и со подлабоки гребнатини на седмо ниво.
Камерите на задната страна на моделот iPhone 14 според маркетингот на Apple користат леќи од кристал од сафир, но тестот покажува дека тоа не е точно бидејќи трагите од гребење почнуваат да се појавуваат на шестото ниво од скалата на Мос.
Малку подолгиот тест со горење резултираше со неколку мртви пиксели, кои не се опоравуваат, што беше и очекувано.
На крајот, тестот за свиткување под притисок со раце покажа дека iPhone 14 има многу цврста градба и не се забележува свиткување или пукање однадвор или во интегритетот на куќиштето.