Поради тропската бура Јан, која може да прерасне во ураган, НАСА ќе го одложи лансирањето на најмоќната ракета на Месечината, пренесе BBC.
Artemis I требаше да биде лансирана од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида во вторник, на 27 септември. Но, САД се соочуваат со закани од тропската бура Јан која се засилува и приближува кон Флорида, со шанси да прерасне во ураган.
Лансирањето на ракетата претходно е двапати откажано. Првото лансирање беше закажано кон крајот на август, но одложено поради технички проблеми. Вториот обид за лансирање беше во септември, но се случи истекување на гориво.
Сега и по трет пат лансирањето ќе се одложи поради лошите временски услови. Од НАСА велат дека и да се случи тоа, ќе се овозможи дополнителни истражувања и анализи.
Помошникот администратор во Дирекцијата за развој на истражувачки системи на НАСА, Џим Фри соопшти дека доколку се подобрат условите, сепак постои можност да се случи лансирањето.