Новите корисници на Fitbit паметните нараквици и часовници ќе бидат принудени да користат сметка на Google за да ги активираат своите уреди почнувајќи од следната година
Корисниците од 2023 година ќе треба да имаат валидна Google сметка, за активација и користење на FitBit уредите. Се работи за промена која доаѓа повеќе од една година по купувањето на аквизицијата на Google, Fitbit „тешка“ 2,1 милијарди долари.
„Планираме да овозможиме користење на Fitbit со сметка на Google некаде во 2023 година. Сметките на Google на Fitbit ќе поддржуваат низа бенефити за корисниците, вклучително и еднократно пријавување на Fitbit и другите услуги на Google, водечка безбедност на сметката во индустријата, централизирани контроли за приватност и повеќе функции на Google“, се вели на веб-страницата на Fitbit.
Компанијата посочува и дека постоечките корисници ќе можат да користат Fitbit сметки се додека се поддржани, односно до почетокот на 2025 година. Доколку сакаат веднаш да се ослободат од нив, ќе добијат опција да ги преместат сите свои постоечки податоци на Google сметката.
Дополнително, Fitbit додава дека Google ќе се придржува до правилата поставени од регулаторите за да ја заврши набавката, така што нема да користи податоци за здравјето на корисниците за Google огласите. Повеќе информации се достапни на Fitbit by Google FAQ страницата.