Иако новиот патент датира од март 2021 година, Samsung веќе има големо искуство со вакви камери, а серијата Fold веќе ја има втората генерација на селфи камери сместени под екранот.
Идејата зад новиот патентиран систем е прилично едноставна: камерите земаат неколку слики од два различни агли за да создадат 3D модел на лицето и да го користат за процесот на автентикација. Дали Samsung инсистира на две камери за своите телефони на преклоп, сè уште не се знае, но како што изгледа сега постои шанса втората камера да се наоѓа на местото на сензорот за отпечатоци, што е интересно решение, особено пристапот на Samsung за решавање на проблем на втората камера, пишува Galaxyclub.nl.
Самиот патент не навлегува премногу во детали, па можеме само да претпоставуваме дали оваа компанија планира да ги комбинира камерата и модулот за откривање или некоја сосема нова технологија, бидејќи на сликите изгледа дека горната камера изгледа како онаа од моделите Fold3 и Fold4, додека долниот, лентата на сликата има различни својства.
Патентот го споменува и мерењето на зеницата како дополнителен систем за заштита и веруваме дека ова е еден од слоевите што го оневозможува измамувањето на камерата со испечатена слика или маска.
Новиот концепт се уште е концепт, но е патентиран, па не е исклучено Samsung активно да работи на него, но ќе дознаеме веројатно во блиска иднина.