Доколку дозволат облаците, вечерва на небото ќе може да се види ретка глетка. Јупитер ќе биде најблиску до земјата во последните 59 години и тоа нема да се повтори во наредните 107 години.
Јупитер е во опозиција наспроти Сонцето што е исто така реткост. Тоа значи дека Јупитер и Сонцето се на спротивни страни на Земјата што го прави посветол и поголем. Опозицијата и наблиската оддалеченост што се сличуваат во исто време се неверојатно ретки појави.
Јупитер ќе биде најсјајниот објект на небото. Ќе се гледа во текот на целата ноќ, а оддалеченоста ќе му биде 590 милиони километри, што е исклучително блиску ако се земе предвид неговата најголема оддалеченост која изнесува 965 милиони километри.
На ведро небо, вечерва Јупитер ќе може да се види и со двоглед, не само со телескоп, а опозицијата ќе биде видлива во 21.35 часот.