YouTube каналот TechRax го набави својот Apple Watch Ultra и го подложи на серија тестови од кои би можел да се засрами и Зак од каналот Jerryrigeverything. По падовите и гребењето, на ред дојдоа и ударите со чекан, а колку часовникот преживеа ќе ви оставиме да погледнеме да видеото подолу.
Куќиштето од титаниум сè уште може да се изгребе ако навистина се потрудите, додека рамното сафирно стакло е поотпорно од повеќето часовници што сме ги виделе досега. Дури и од масата на кое е направено тестирањето.
Куќиштето од титаниум го штити екранот од сафир, со најсветлиот и најголем дисплеј на часовникот досега. Часовникот има дури и два звучника и три микрофони кои ви овозможуваат да зборувате дури и при ветровито време. Сите модели имаат мобилна мрежа, до 36 часа автономија на батеријата, или дури 60 часа со посебен режим на батерија.
Apple вели дека GPS поддржува најпрецизен систем за мерење од кој било уред на пазарот. Постојат посебни режими за пливање, водени спортови и нуркање, што досега не е видено на ниту еден паметен часовник. Цената на новиот паметен часовник започнува од 799 долари или кај нас околу 1100 евра.