Xiaomi ја подготвува следната генерација во рамките на Redmi Note серијата, а Redmi Note 12 се очекува да дебитира многу наскоро во Кина. Сега, новите податоци сугерираат дека тоа ќе се случи пред Денот на самците, односно 11 ноември, кога може да започне продажбата.
Така, претставувањето најверојатно ќе се случи во октомври, а уредот ќе биде позициониран како компактен флегшип. Ова е исто така дел од новата стратегија на компанијата за воведување на две генерации на Redmi Note годишно.
Според гласините, може да видиме три модели, Redmi Note 12, 12 Pro и можеби 12 Pro Plus. Се очекува смартфонот да користи Dimensity 1300 чипсет, а другите спецификации вклучуваат брзо полнење до 120 вати и тројна камера со сензори од 50 MP.