Huawei на почетокот на овој месец го претстави паметниот телефон Mate 50 Pro во Кина, а сега овој уред е достапен и на светскиот пазар.
Mate 50 Pro доаѓа со голем OLED екран од 6,74 инчи заштитен со Kunlan Glass, коe e користено наместо Gorilla Glass поради американските санкции. Резолуцијата е 1.212 x 2.616 пиксели, а стапката на освежување е 120 Hz. Сензорот за отпечатоци се наоѓа под екранот.
Уредот го покренува процесор Snapdragon 8+ Gen 1 и поради таа причина нема поддршка за 5G мрежа. Кинеската верзија поддржува сателитско поврзување кое не е достапно за глобалниот модел, бидејќи го користи протоколот Beidou Satellite Message 3. Друга разлика помеѓу глобалната и локалната верзија е корисничкиот интерфејс EMUI 13 наместо Harmony OS 3.0.
Во широкиот засек на екранот е поставена селфи камера од 13 MP, додека задната камера е широкоаголна со резолуција од 50 MP со технологија XMAGE, променлив отвор на бленда, ласерски автофокус и оптичка стабилизација на сликата, перископ телефото камера од 64 мегапиксели со оптичка стабилизација на сликата, како ултраширока камера од 13 MP.
Смартфонот се напојува со батерија од 4.700 mAh која поддржува жично 66W, безжично 50W и реверзибилно безжично полнење од 5W.
Mate 50 Pro е достапен на светскиот пазар во црна и сребрена боја со 8 GB RAM и 256 GB внатрешна меморија по цена од 1.299 евра, додека кожениот портокалов модел има 8 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија и чини 1.399 евра.
Засега нема планови Huawei да го лансира моделот Mate 50 на светскиот пазар, додека моделите Mate 50E и Mate 50 RS Porsche Design дефинитивно нема да „излезат“ од Кина.

