Huawei додаде уште еден смартфон во својата серија nova 10 со претставување на подостапната верзија nova 10 SE. Уредот се базира на рамен OLED екран со дијагонала од 6,67 инчи, Full HD+ резолуција, стапка на освежување од 90 херци и селфи камера од 16 мегапиксели поставена во отвор во дисплејот.
Во оваа фаза, нема информации за чипсетот, но има уредот поседува 8GB RAM и 256GB простор за складирање. Батеријата има капацитет од 4500 mAh со поддршка за брзо полнење до 66 вати.
Основната камера е тројна и се состои од главен сензор од 108 MP, ултраширокоаголен од 8 MP и 2 MP за макро снимки. Телефонот има дебелина од 7,39 мм и тежи 184 грама, а достапен е во сребрена боја.
Смартфонот беше претставен во Јужна Африка, но засега не е јасно по која цена и кога ќе се појави на глобалниот пазар.