Неофицијалните рендери од претстојниот флегшип паметен телефон на Samsung откриваат една значајна промена во дизајнот во споредба со годинaшните модели Galaxy S22 и S22 Plus.
Кога станува збор за претстојната серија Samsung Galaxy S23, која треба да биде претставена на почетокот на следната година, најмногу информации досега дознавме за моделот Samsung Galaxy S23 Ultra, додека има многу помалку информации за другите два модели. Сепак, сега знаеме каква поддршка за брзо полнење треба да имаат Galaxy S23 и Galaxy S23+.
Пред неколку дена кинескиот 3C откри детали за полнењето на најмоќниот модел од серијата Samsung Galaxy S23 Ultra. Galaxy S23 и Galaxy S23+ го добија овој сертификат вчера. За потенцијалните купувачи на двата модели, ова нема да биде добра вест, бидејќи сертификатите открија дека двата уреда ќе пристигнат со поддршка за брзо полнење од 25 W, исто како и нивните претходници.
Како што споменавме со телефонот Galaxy S23 Ultra, можно е овие брзини на полнење да бидат само на кинеските верзии на телефонот, но тоа е многу малку веројатно.
За жал, ова е само продолжение на не баш добрите вести за серијата Galaxy S23. Пред неколку дена, познатиот дојавувач Ice Universe изјави дека Galaxy S23 и Galaxy S23+ нема да имаат некои значајни промени во споредба со Galaxy S22 и Galaxy S22+, освен надградениот чип Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2.
Потсетуваме дека пред неколку дена кинескиот 3C сертификат откри дека Galaxy S23 Ultra ќе пристигне со поддршка за брзо полнење.