Garmin има нов уред кој е наменет за екстремни авантури. InReach Messenger се поврзува со сателитскииот систем Iridium и овозможува двонасочна комуникација. На тој начин, можно е да се испрати тест порака од смартфонот до уредот, кој пак ја препраќа на сателит.
Конечно, сателитот ја препраќа пораката до примачот. Така можете да комуницирате практично од каде било. Разликата од другите модели од серијата на компанијата е во тоа што InReach Messenger и апликацијата Garmin Messenger автоматски го избираат начинот на комуникација, сателитот, Wi-Fi или мобилна мрежа.
На пример, ако е достапна Wi-Fi конекција, уредот прво се потпира на неа, потоа на мобилното поврзување и на крајот на сателитската опција. Задржано е и истакнатото копче SOS, кое може да се користи во итни ситуации за испраќање сигнал за помош.
Цената на Garmin InReach Messenger во САД изнесува 300 долари и секако мора да ја имате соодветната претплата. Се движи од 14,95 до 64,95 долари во зависност од вклучените услуги.