Intel ја претстави 13-та генерација Core процесори, наречени Raptor Lake, кои се карактеризираат со бројни подобрувања и поголеми брзини.
Ако сакате да видите вистинска конкуренција на дело, само погледнете ја „војната“ меѓу Intel и AMD за да го донесат најбрзиот компјутерски процесор на пазарот.
Во текот на последните десет години, Intel имаше големи проблеми со одложување на производството и дизајнот на своите процесори, кои AMD ги користеше за да ја зајакне својата Zen архитектура и да го создаде импресивното семејство Ryzen чипови .
So excited to unveil our 13th Gen family of Intel Core processors today at Intel Innovation 2022! These CPUs deliver massive performance gains with an industry-first 6.0 GHz out of the box! 📦🦾🥇 #IntelON https://t.co/0WpaVkDFJX pic.twitter.com/PRzO28z4rH
— Intel (@intel) September 27, 2022
Кога многумина веќе го отпишаа Intel, компанијата ја претстави долгоочекуваната 12-та генерација Core процесори, која забележа голем успех на пазарот. Сега е време за наследниците, а тоа се чиповите од 13-та генерација – Raptor Lake.
Intel ги претстави сериите K и KF сериите на десктоп процесори, предводени од премиум моделот Core i9-13900K, чија цел е да понуди најдобро искуство при играње.
Core i9-13900K има двојно повеќе E-јадра во споредба со претходниот модел 12900K и вкупно 24 јадра, повисоки boost брзини (до 5,9 GHz) и повеќе кеш меморија. Подобрувања се направени и во сегментот на оверклокување, со Extreme Tuning Utility и Intel Speed Optimiser.
Новата платформа носи и подобрувања за DDR5 меморијата, зголемувајќи ги брзините од 4800 MT/s на 5600 MT/s.
Новата 13-та генерација на Intel Core десктоп процесорори се очекува да се појави на пазарот од октомври, а цените ќе ги дознаеме подоцна.