Samsung во текот на конференцијата Innovation 2022 претстави интересен уред кој вклучува хардвер на Intel.
Прикажан е „лизгачки“ компјутер кој го краси OLED екран кој може да се прошири. Со поместување на рабовите на прототипот, 13-инчниот дисплеј е претворен во екран со големина од 17 инчи.
На овој начин, екранот на поголемиот таблет е претворен во помал монитор. Samsung со години работи на лизгачки OLED екрани, а лани беше прикажан прототип на првиот ваков уред.
„Го најавуваме првиот светски 17-инчен лизгачки дисплеј за компјутери. Овој уред ќе задоволува различни потреби за голем екран, но и за преносливост“, изјави Ј.С. Чои, Извршен директор на Samsung Display.
Сепак, не се очекува дека овој уред во својата конечна форма ќе се појави на пазарот во скоро време, ако воопшто се појави, бидејќи многу концепти од овој тип не стануваат комерцијални уреди.
This looks great… #Samsung shows off its slidable display at Intel Innovation event pic.twitter.com/VPIx71eoEY
— Mathures Paul (@MathuresP) September 27, 2022