Полека завршува сезоната на годишните одмори, но граѓаните сѐ уште имаат потреба да патуваат, но и да се чувствуваат безбедно и сигурно каде и да одат. Патувањата во странство носат убави моменти, но секогаш постои ризик да се случи некој непредвиден и непосакуван настан. Токму од тие причини патничкото осигурување ве штити од одредени финансиски ризици и загуби што можат да настанат во текот на патувањето. Овие загуби можат да бидат помали, како изгубен багаж, или позначајни, како откажување на патувањето во последен момент или итна медицинска помош во странство.
Предностите на патничкото осигурување се разликуваат во зависност од планот. Важно е да се избере план кој им одговара на вашите потреби, буџет и на планираното патување. Ова осигурување е дизајнирано да ги покрие непредвидените настани, но и работите што би можеле лесно да ги предвидите или оние што се под ваша контрола. Покрај финансиската заштита, друга голема корист од патничкото осигурување е пристапот до услугите за помош каде и да се наоѓате низ светот.
Полисата за патничко осигурување на Кроација овозможува заштита и сигурност во текот на привремениот престој во странство и гарантира покривање на евентуалните трошоци во случај на неопходна медицинска помош поради незгоди и несакани настани. Треба да се има предвид дека постојат различни нивоа и видови покритија кај патничкото осигурување. Токму затоа треба да се избере она што најмногу одговара на конкретното патување.
Кроација осигурување и за периодот на крајот на летните одмори нуди посебен вид патничко осигурување Блу травел (Blue Travel), во чии рамки постојат три пакета креирани во согласност соразличните потреби на клиентите. Основниот пакет Блу травел С (Blue Travel S) опфаќа покритие за здравствена помош при патување во странство, што вклучува трошоци за лекување како последица на болест или незгода, трошоци за итно лекување заб, замена на очила како последица на незгода, но и трошоци за посета на пациент хоспитализиран во странство (превоз и сместување во хотел). Полисата вклучува и надомест на телефонски трошоци, како и трошоци за враќање во земјата на деца до 14 години.
Покрај основното покритие за здравствена помош при патување во странство, пакетот Блу травел М (Blue Travel M) опфаќа и осигурување на багажот од оштетување и од кражба на возилото или при природни катастрофи, во случај на задоцнето пристигнување на багажот при лет со авион, како и покритие за повторно издавање на загубените документи во странство. Поради видовите покритија, овој пакет е идеален за сите оние што планираат да патуваат со авион до која било дестинација.
Пакетот Блу травел Л (Blue Travel L), пак, покрај горе наведените покритија, опфаќа и осигурително покритие за последици од незгода или несреќен случај.
Сите три вида Блу травел пакети вклучуваат осигурително покритие за ковид-19 до 10 000 евра со можност за територијално покритие за Европа или за целиот свет. Ова значи покритие за неопходни прегледи и тестирање во случај на симптоми на ковид-19, но и трошоци за болничко и вонболничко лекување, како и репатријација при дијагностицирана болест.
Некои од пакетите од понудата Блу травел, како и стандардните полиси за патничко осигурување на Кроација осигурување, чија цена почнува од 1 евро, може да се купат брзо и едноставно онлајн преку moja.croatia.mk или во која било филијала на Кроација осигурување. На клиентите 24/7 им стои на располагање и Асистентскиот центар за помош и информации за здравствените протоколи во земјата на престој.