Netflix очигледно планира посериозно да влезе во светот на видео игрите и да го надмине потпирањето на трети лица програмери, а показател е фактот дека формира сопствено студио за игри.
Студиото е со седиште во Хелсинки, Финска, а планот е да се развијат оригинални игри од светска класа без реклами или понуди за купување. Влегувањето на Netflix во светот на игрите вклучуваше купување на неколку програмери, меѓу кои и Night School Studio, креаторот на Oxenfree.
Во изминатите 12 месеци, компанијата понуди неколку многу добри наслови, вклучувајќи ги Into the Breach и Poinpy, но досега нема изградено девелопер.
Сепак, плодовите на работата на новото студио ќе се чекаат со „години“. Во меѓувреме се појави играта Desta, развиена од студиото UsTwo ексклузивно за Netflix.